„Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга“ кажа министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.
Тој додаде дека доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата.
„Согласно законот, тие се обврзани и да имаат количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена“ кажа Бектеши.
Тој додаде дека проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во делот на Скопје Север, треба да биде решен преку Општината Чаир или други институции со интервенција од 20 милиони денари.