Пет члена во македонската ракометна репрезентација позитивни на Ковид 19

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Петмина членови на македонската ракометна репзентација се позитивни на Ковид-19 само еден ден пред патувањето на Европското првенство.

Позитивните лица ќе мораат да бидат пет дена во изолација, а потоа кога ќе добијат два негативни ПЦР-теста, ќе може да бидат на располагање. Според актуелните проценки, петте лица нема да бидат дел од првата фаза зашто најдоцна до 15-ти јануари ќе бидат во изолација, па прашање ќе биде каква ќе биде нивната физичка подготвеност.

Засега од РФМ немаат објавено за кого се работи, дали се тоа ракометари или членови на стручниот штаб и дали ќе биде повикувана евентуална замена.

Слични содржини