Се тресе тлото во земјава, почувствувани серија земјотреси

од Nikola Popovski
551 прегледи

Утрово беа почувствувани серија земјотреси на територијата на Македонија. Првиот бил регистриран од епицентралното подрачје кај Лерин со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала, во 01:52 минути по македонско време.

Бил почувствуван и земјотрес со јачина од 3,1 степен по Рихтер утрово околу 3 часот во Грција во близина на границата со Северна Македонија, а еден час подоцна регистриран е уште еден земјотрес од 2,8 степена по Рихтер на истата локација и со ист епицентар во близина на Лерин.

Епицентарот на земјотресот е на грчко-македонската граница, на длабочина од 2 километри, според информациите од ЕМСЦ.

Слични содржини