Серијата „Вовед во анатомија“ ќе ја има својата 19-та сезона, објави во вчера Еј-би-си, со која продолжува една од најдолгите серии во историјата на американската телевизија, лекарската сапуница, која се уште има многу висока гледаност.
„Многу сум возбудена што ќе имаме уште една сезона во која ќе ги продолжиме приказните за Мередит, Бејли, Ричард и другите лекари во Меморијалната болница „Греј Слоун“, изјави авторката на серијата Шонда Рајмс.
Иако медицинската сапуница, која се снима од 2005 година, сè уште има висока гледаност, актерката Елен Помпео, која ја игра Мередит Греј, веќе зборуваше за можниот крај на серијата по две децении.
„Се обидувам да ги убедам сите дека мора да заврши. Ми се чини дека изгледам многу наивно кога велам: „Како ќе изгледа приказната, што ќе кажеме?“, изјави таа за Инсајдер минатиот месец.
По повод новата сезона, актерката се уште не се огласила.
Седумнаесеттата сезона од серијата беше посветена на борбата против пандемијата на коронавирус, а моментално се снима 18-та сезона.
„Вовед во анатомија“ има глобално влијание врз луѓето што не може да се игнорира“, рече Криста Верноф, извршен продуцент на серијата.
„Серијата нè допира, понекогаш менувајќи ги срцата и умовите ширум светот преку длабоката поврзаност што луѓето ја чувствуваат со ликовите“, додаде таа.