Новинари го навредуваа Ѓоковиќ: „Лажлив се*ко“! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Новинари на австралискиот „Канал 7“ остро го навредуваа Новак Ѓоковиќ за време на подготовките за емисијата, не знаејќи дека камерите се вклучени.

Во моментите пред почетокот на програмата, двајцата водители на споменатата телевизија го повикаа најдобриот тенисер на светот со погрдно име и го осудија за целата ситуација.

Разговорот е снимен од камери.

„Како и да гледате на сето ова, Новак Ѓоковиќ е лажлив се‘ко. Жално е што другите го поддржуваат. Да излезеш надвор и да знаеш дека си позитивен… Мислам дека тој дури и не беше позитивен. И после тоа замина во Шпанија. Тој се сопна од своите лаги. Мислам дека на крајот ќе се извлече“, велат новинарите.

Но тоа не беше крајот.

„Повеќето луѓе мислат дека е кретен и коментираат дали биле фер кон него. Тоа е проблем, нели? Мислам дека ништо не се доби со испраќање во хотел за имиграција. Се оправдуваат на луѓето кои биле во ист авион со него. Неговиот живот не е фер, некои летаат прва класа, а некои…“, заклучуваат новинарите на Канал 7.

Слични содржини