Француската авиокомпанија „Ер Франс“ почна да им наплаќа на патниците премија за одржливо воздухопловно гориво.
Во исто време, ќе им обезбеди на патниците дополнителни доброволни придонеси за намалување на нивниот јаглероден отпечаток.
Според новиот закон, најмалку еден процент од одржливото гориво мора да се користи за полнење авионско гориво во Франција од 1 јануари.
За покривање на дополнителните трошоци кои произлегуваат од оваа обврска, цената на секој продаден билет ќе вклучува доплата, која ќе се движи од едно до четири евра во економска класа и од 1,5 до 12 евра во бизнис класа, во зависност од должината на летот.
Авиокомпанијата објасни дека од 2005 до 2019 година ги намалиле емисиите на јаглерод диоксид за шест проценти, иако го зголемиле обемот на сообраќај. Тие сакаат да ги намалат емисиите за уште 15 проценти до 2030 година во споредба со 2005 година, а до 2050 година сакаат да постигнат нето нула емисии со инвестирање во модерна, поефикасна флота на авиони и еколошки горива.
Истата практика на некои линии ќе ја воведе и холандската „KЛM“, која е партнер на „Ер Франс“.