Лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“ ќе биде поништена

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 46 лица.

Ова денеска на прес го соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши кој додаде дека до Министерството пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција за транспорт.

Министерот додаде дека на барање на Министерството за економија, Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса транс“.

Слични содржини