Ремзи: Путин е најстрашната личност за која сум готвел

од Vladimir Zorba
273 прегледи

Гордон Ремзи, готвач и ѕвезда од реални шоуа, познат по своето грубо однесување и непристоен јазик, признава дека готвењето за рускиот претседател Владимир Путин го довело до нервен слом. Според готвачот, Путин бил „најстрашниот човек“ за кого готвел.

Познатиот готвач треперел од страв дека можел да предизвика труење со храна на рускиот претседател. Ремзи (55) подготвил свечен ручек по средбата на рускиот претседател и тогашниот британски премиер Тони Блер на Даунинг стрит во 2000 година.

Кулинарската ѕвезда признава дека додека варел во тоа време, се што можел да размислува е „што ќе се случи ако ги отрујам овие двајца“.

„Тоа беше многу необично искуство. Застанав пред нив да ги поздравам, ме прашаа како се готви аспарагусот, а јас си помислив: „тргнете ме одовде, по ѓаволите, завршив!“, призна Ремзи во интервјуто за емисијата на Кели Кларксон во САД. Готвачот додаде дека е изненаден од недостатокот на простор и кујнски прибор на „Даунинг стрит“.

На рускиот лидер му беше послужено мени за консумирање домати со златен кавијар од есетра албино, пилешко и ролат од шунка, печено парче морски бас на свежи компири, со бел аспарагус во сос од црвено вино.

Ремзи го донираше својот хонорар за ручек во добротворни цели.

Најпознатата личност за која Ремзи готвел, сепак, е принцезата Дијана, која дошла сама во неговиот ресторан.

Слични содржини