Конечната одлука дали светскиот рекет бр.1 Новак Ѓоковиќ ќе настапи на претстојниот Австралија опен во Мелбурн се уште не е позната. Сагата сè уште трае, а никој не ни замислуваше низ каква голгота ќе помине Србинот во Австралија.
Со други зборови, иако веќе не е во притвор, тој е во куќата што ја изнајмил и каде може да тренира, но тоа сепак не гарантира ништо. Се чека последниот збор на министерот за имиграција Алекс Хок.
Во морето пораки за поддршка од целиот свет, „излезе“ аудио снимка од веројатно првата порака на Новак до семејството, откако тој беше пуштен од хотелот во кој престојуваше четири дена.
Не може точно да се утврди кому му ја испратил, многу веројатно на некој од браќата на кои му се обраќа со „тебра“, и кого го информира за моменталната ситуација во која се наоѓа.
– Тебра, пуштен сум, еве ме дома, се е ок засега. Само што објавувам изјава, многу кратко од теренот, играв и тенис, стигнав и тоа. Засега сум слободен човек, но ќе видиме што ќе донесе утре – со малку уморен глас изјави српскиот ас, кој можете да го слушнете на приложената снимка.