161
Претседателот Џо Бајден денеска изрази уверување дека Соединетите Држави се на вистинскиот пат во борбата против пандемијата Ковид-19 и покрај фактот што земјата се бори со зголемувањето на бројот на новозаразени предизвикани од брзото ширење на сојот „омикрон“.
Новинарот на Ројтерс од Белата куќа јавува дека претставниците на претседателската администрација потврдиле дека моменталната ситуација се разликува од претходните фази на пандемијата, бидејќи поголем број луѓе се имунизирани или добиваат „бустер“ доза од вакцината.