Австралиски медиуми: Ѓоковиќ се соочува со 5 години затвор, лажел под заклетва

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Од Австралија се јави тенисерот Новак Ѓоковиќ и ја коментираше аферата која го потресе светот на спортот последните денови.

Српскиот тенисер призна дека дал интервју за француските новинари во Белград. Тој тврди дека се случила „човечка грешка“ при пополнувањето на визата затоа што агентот „штиклирал погрешно поле како одговор на прашањето за моите патувања пред да пристигнам во Австралија“.

Австралиските медиуми сега пишуваат дека нивното МВР ја проширило истрагата против првиот тенисер на светот, а според нивните закони, му се заканува затворска казна од пет години.

Тамошните медиуми пишуваат дека истрагата против Ѓоковиќ се проширува за да го вклучи и неговото прекршување на изолацијата во Србија и неточните наводи во шемата на патување и недоследностите во датумот на неговиот тест за КОВИД-19.

Во изјавата под заклетва, Ѓоковиќ рече дека бил „тестиран и дијагностициран“ на 16 декември.

МВР сега го истражува ова несовпаѓање на информациите, а казната за давање лажни докази според Законот за кривични дела е казна затвор од пет години, наведува The Age.

Слични содржини