Брнз и предаде американско знаме на Шекеринска пред да замине од министерската функција

од Берта Китинска

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

-Денес ми беше укажана голема чест. Американското знаме кое ми беше предадено на свечена церемонија како признание за високите достигнувања во одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, најдобра во изминатите 28 години, ја зацврсти мојата определба дека служењето на својата држава и народ е најголемата привилегија само доколку даде видливи резултати.За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работи на двата историски резултати во двете последни, пандемиски години: во 2020 година членство во НАТО, а во 2021 за рекордно кратко време целосна воената интеграција во Алијансата.Овие успеси се наша национална гордост. И затоа денешниот ден ми влеа верба дека ниту еден напор, ниту еден труд не е залуден, кажа Шекеринска.

Слични содржини