Јас имам апсолутна доверба во министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој најсовесно ја врши својата работа и најодговорно пристапува кон преговорите со Република Бугарија и сум убеден дека ќе изнајдеме решение во првите 6 месеци во преговорите, рече Првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби во врска со изјавата на Никола Димитров во кој кажа дека нема доверба во однос на преговорите што со Бугарија министерот за надворешни работи Бујар Османи.
-Жалам што колегата Димитров дознал дека не му верува на Османи на крајот на својот мандат. Можеби би било добро тоа да го кажеше на почетокот и да пристапиме кон градење на таа доверба меѓу Османи и Димитров. Но, јас сум убеден дека граѓаните немаат никаква основа да имаат недоверба, ниту во Османи, ниту во Владата затоа што се е транспарентно и било кој договор да биде постигнат ќе мора да биде претставен пред граѓаните и да биде прифатен од нив, рече Груби.