Демонстрантите кои во средата протестираа пред бугарскиот парламент против мерките против пандемијата се судрија со полицијата, јави ДПА.
Демонстрантите го пробија голем полициски контингент и стигнаа до главниот влез на Народното собрание, до кој не влегоа.
Премиерот Кирил Петков ги повика демонстрантите да се договорат за „нов модел за борба против следниот бран“ на инфекција со Ковид-19 со вклучување на нивни претставници во работна група со владини претставници.
https://www.youtube.com/watch?v=dhneJ_iPD0w&feature=emb_title
Петков за бугарската национална телевизија изјави дека од овој протест мора да произлезат „конкретни мерки“.
Стотици приврзаници на националистичката партија Препород се собраа пред парламентот на протест против мерките за борба против ширењето на инфекцијата и програмите за вакцинација.
Тврдат дека со овие мерки им се ограничуваат слободите, па поради протест не носеле маски.
Демонстрантите дојдоа во Софија со автобуси од целата земја.
Рекордни 7.062 новозаразени лица се потврдени за 24 часа во Бугарија во средата. Бугарија е има најлош процент на вакцинирани во ЕУ.