БЕГ веќе достави фактури за декември и тие имаат свои приходи од тие што користат топлинска енергија, информира министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.
Според него, одлуката на Владата е за БЕГ да има нула проценти профит, а трошоците во цената да ги покрие владата.
-Во однос на тоа што побаравме од општините да вложат еден милион евра за да ги покријат зголемените трошоци на граѓаните за парно греење, сметам дека тие пари не се многу за градот Скопје и ние не ги повикавме цел товар тие да го покријат, иако се задолжени да креираат услови за сигурно снабдување на корисниците на топлинска енергија. Ако тие не се подготвени да им излезат на граѓаните во пресрет, ние сме спремни да покриеме и 100% од сметките, изјави Бектеши.