Милевски: Некој сака на Димитров да му го одземе тоа што го постигна

од Nikola Popovski
469 прегледи

И во минатото сме разговарале со Димитров за спорот со Бугарија. Тој во една реченица рече дека се што е задкулисно во преговорите е лошо. Сепак вицепремиерот се избори за национален идентитет, јазик и култура со Преспанскиот договор. Некој сака да му го одземе тоа што го постигна, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски во емисијата „Клик плус“, говорејќи за денешниот настап на вицепремиерот за економски прашања во заминување, Никола Димитров.

Тој посочува дека од шефот на дипломатијата, Бујар Османи добро ги знае „5+1“ насоките во преговорите со Бугарија.

-Османи добро тоа го договорил. Се согласувам со Димитров да не се отстапува од националните интереси. Ова не е владина работа, туку и државна. Ние како ЛДП имаме црвени линии. Не е негово прво реагирање во однос на спорот. Димитров е дел од либералното семејство. Тој е близок, независно дали политички ќе биде ангажиран, констатира Милевски.

Слични содржини