Нетфликс ќе снима филм за Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
458 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ седми ден е во неизвесност во Австралија. Откако судот пресуди во негова корист, се уште има шанси да биде депортиран.

Името на Србинот се појави на ждрепката, но властите во Австралија одолговлекуваат со одлуката, а наскоро на програма е неговиот први меч во Мелбурн.

Сега доаѓа нова информација дека стриминг компанијата „Нетфликс“ веќе е во Австралија каде што собираат податоци за наскоро да започнат проект, пишува „Дејли Мејл“.

Да, тоа значи дека наскоро ќе излезе филм за Новак Ѓоковиќ и се што преживеал во текот на седумте дена во Мелбурн. Режисер треба да биде Џејмс Геј Рис, кој веќе се прослави со документарниот филм за Формула 1, насловен „Drive to survive“.