Sony ќе произведува повеќе PlayStation 4 конзоли поради недостаток на PS5

од Vladimir Zorba
317 прегледи

Sony Group Corp. ќе продолжи да произведува конзоли PlayStation 4 во 2022 година во позадина на проблемите со глобалниот синџир на снабдување, што го ограничи производството на најновиот и најскапиот модел PlayStation 5.

Јапонската компанија, чија понуда на конзолата PS5 е ограничена од нејзиното лансирање во ноември 2020 година, ги информирала своите производствени партнери дека ќе продолжи да ја произведува машината од претходната генерација оваа година, објави „Блумберг“, цитирајќи извор запознаен со ова прашање.

Sony не објави официјално кога ќе го прекине производството на PS4, но планирала да го стори тоа кон крајот на 2021 година, според истиот извор, кој побара анонимност.

Стратегијата ќе додаде околу 1 милион PS4 конзоли оваа година за да се намали притисокот врз производството на PS5, а бројот ќе се прилагоди според побарувачката. Постарата конзола користи помалку напредни чипови, полесна е за производство и е поевтина алтернатива на PS5 за клиентите.

Зголемувањето на нарачките за производство со додавање на полесниот за производство PS4, исто така, ќе му даде на Sony поголема слобода во преговорите со своите производствени партнери.

Портпаролот на Sony потврди дека производството на PS4 ќе продолжи оваа година и рече дека компанијата не планира да го прекине. „Ова е една од најпродаваните конзоли во историјата и секогаш има преклопување меѓу генерациите“, велат од компанијата.

Амбицијата на Sony со PlayStation 5 беше да направи брза транзиција кон најновиот хардвер, вели Џим Рајан, кој е одговорен за PlayStation. Сепак, пандемијата Ковид-19 го забави развојот на софтвер низ индустријата за игри и предизвика пораст на побарувачката за хардвер, што доведе до недостиг дури и на најосновните компоненти.

Резултатот е конзола која е тешко да се најде и нема силно портфолио на задолжителни ексклузивни игри.

Неговиот претходник, PS4, кој излезе во 2013 година, продаде над 116 милиони единици, а конзолата останува популарна опција меѓу гејмерите. Сè уште генерира значителен дел од приходите на Sony од игрите во форма на претплати и продажба на софтвер.

Слични содржини