Австралијците спроведоа анкета во која повеќе луѓе гласаа за депортација на Скот Морисон, тамошниот премиер, отколку за депортација на Новак Ѓоковиќ.
Според многу коментари кои следеа по веста за неговата депортација, Новак Ѓоковиќ бил жртва на политичка игра, а еден од главните играчи бил Скот Морисон, премиерот на Австралија.
Сепак, судот докажа дека Новак влегол во земјава без дамка, па српскиот тенисер е на слобода доколку Алекс Хок, министерот за имиграција не одлучи поинаку.
Поради поделени мислења, агенцијата за истражување „Њуспол“ истражувала чија депортација претпочитаат Австралијците, Скот Морисон или Новак Ѓоковиќ.
Во анкетата учествувале 5.600 Австралијци, а 52% гласале за депортација на Морисон.
Immigration Minister @AlexHawkeMP will not be making a decision tonight on whether to cancel Novak Djokovic’s visa as the saga drags into its seventh day. A federal source confirmed Mr Hawke is still considering the matter | @Gallo_Ways #novak #ausopen
https://t.co/ZYUB0MI2iY— The Age (@theage) January 13, 2022
Една од главните причини за тоа е третманот на австралиските власти, на кој и припаѓа Морисон, кон Ѓоковиќ.
„Јас не сум фан на Ѓоковиќ, но начинот на кој сојузната влада се однесуваше кон него е срамен за сите Австралијци“, објасни еден од испитаниците.
Морисон не сакаше да ги коментира резултатите од анкетата, ниту одлуката за останувањето на тенисерот во земјата.
„Ќе ве пренасочам кон неодамнешните коментари на министерот Хок, во кои тој вели дека неговото мислење не е променето. Министерот Хок има министерски овластувања што може да ги искористи и повеќе не би го коментирал тоа“, беше последното што премиерот го кажа за случајот на Ѓоковиќ.