Врховен пресуди: Богоевски не ги клеветел Ахмети и Џафери

од Nikola Popovski
251 прегледи

Врховниот суд на седница одржана на 28 октомври минатата година ја одби како неоснована тужбата за клевета поднесена од тужителите Али Ахмети и Муса Џафери против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери го тужеа екс-разузнавачот Слободан Богоевски дека ги наклеветил во своето сведочење пред американската Комисија за хартии од вредност, во постапка што се водела пред Окружниот суд во Њујорк во 2014 година.

Богоевски, тогаш сведочеше дека  функционерите на ДУИ зеле дел од пет милиони евра мито за Маѓар Телеком.

Ахмети и Џафери, на Богоевски, наместо да добијат 2,5 милиони евра, кои ги бараа како надоместок за нематеријална штета, сега треба да му платат околу 500 евра за одговорот на нивното барање за ревизија и судски трошоци.

Слични содржини