МВР информира дека привеле малолетници, непосредно откако извршиле две тешки кражби во продажен објект.
-На 12.01.2022 во 17.30 часот, по преземени мерки и активности во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, од страна на полициски службеници од ОКР Гази Баба, биле затекнати двајца малолетници од с.Арачиново, непосредно откако извршиле две тешки кражби во продажен објект, а кај нив биле пронајдени одземените предмети.
Двајцата сторители се доведени во Полициската станица Гази Баба и во присуство на родители извршен бил разговор од страна на инспектори по малолетничка деликвенција. Одземените предмети биле вратени на оштетените, а во координација со Јавен обвинител за малолетници, по комплетирање на материјалот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.