ИСИС, Новак Ѓоковиќ, Кастриот Реџепи, Никола Груевски, се само дел од маските што денеска прошетаа низ улиците на Вевчани на познатиот карневал.
На карневалот можеше да се види и како се „делат ковид сертификати“, но и се копаа биткоини, а на манифестацијата продефилираа и маските на директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.
Вевчанскиот карневал е познат по тоа што жителите на сатиричен и хумористичен начин ги прикажуваат случувањата од минатата година.
На настанот присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Карневалот во Вевчани се одржува секоја година, во пресрет на православната Нова година, што се слави вечерва. Според традицијата, манифестацијата завршува на 14, попладне со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.