Петров: Иницијативата на Ковачевски ќе биде да направи добра соработка со опозицијата

од Берта Китинска
263 прегледи

Владата ја сфати пораката од изборите и направи нешто легитимно и се повлече најголемиот дел од носителите на политиките, кажа Андреј Петров од СДСМ во емисијата 24 анализа.

Според него премиерот и голем дел од раководството се повлекоа и отвориле можност да се овозможи да се оди напред. Тој додаде дека за секоја соработка треба да има волја, волја од Ковачевски има, дали таа ќе биде прифатена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски зависи од него, но кога се сака конструктивен дијалог не може пред него да се поставуваат некои линии или услови.

– Не може мандатот на парламентарните избори со локалните. Премиерот го врза својот мандат и направи еден чин што е демократки исчекор. Неспорно е мнозинството што го има сега во Парламентот и проблемите што ги има државата и ако сакаме добро на земјата, треба да најдеме начин да соработуваме. Во моментов, е земјата да ги реши проблемите. Иницијативата на Ковачевски ќе биде да направи добра соработка со опозицијата за клучните прашања. Не смее да бега владата од одговорност. На владата, која ќе биде фокусирана на економијата, на внатрешните состојби, надминување на енергетска ситуација, подобрување на животниот стандард, раст на пензии, социјална помош треба да и се остави простор да видиме што ќе покаже, кажа Петров.

Слични содржини