Дефинитивно Новак Ѓоковиќ нема да настапи оваа на АО во Мелбурн. Иако Србинот го доби случајот на суд, сепак министерот за Имиграција на Австралија одлучи да му ја укине визата. Тоа значи дека Новак ќе биде депортиран од Австралија. Прво ќе биде приведен а потоа и депортиран.
Ова се последните вести кои што доаѓаат од Мелбурн.
-Го искористив моето овластување во Законот за имиграција за да ја поништам визата што ја имаше Новак Ѓоковиќ. Заради здравје и ред, поради јавниот интерес. Оваа одлука следеше по наредбата на Сојузниот и Окружниот суд кој од 10 јануари ја поништи претходната одлука за укинување на визата. При оваа одлука внимателно ги разгледав сите информации од Министерството за внатрешни работи, австралиските гранични сили. Владата на Морисон е цврсто посветена на заштита на границите на Австралија, особено за време на пандемијата, -објасни Хок.
Во случај да Ѓоковиќ не поднесе жалба и доколку неговата жалба не биде уважена ќе биде депортиран од Австралија.
Само за потсетување Новак не е вакциниран, но доби медицинско ослободување од две независни лекарски комисии по што слета во Мелбурн, но веќе на аеродромот настаа проблеми.
Граничните власти го „затворија“, му беше поништена визата, Ѓоковиќ поднесе жалба која Федералниот суд му јаприфати по што големиот шампион беше слободен човек и дури тренираше на „Род Лејвер Арена“, меѓутоа постоеше одредена неизвеснот поради можноста на минисерот Хок кој на крајот ја искористи за нова драма и покрај тоа што веќе беше извршен ждребот за првиот глен слем во 2022 година.