Страшен чин на палење ѓубре: Пожар во запалени контејнери во центарот на Тетово (ВИДЕО)

од Берта Китинска
260 прегледи

Жителите во центарот на Тетово вчера околу 23 часот беа доведени во опасност поради пожар во четири контејнери за отпадоци кои се поставени до една од зградите во комплексот Ловец.

Градоначалникот Биљал Касами се обрати преку социјалните мрежи нарекувајќи го страшен чинот на палење ѓубре.

– Страшен чин на палење ѓубре, јавниот простор е на сите и сите треба да се грижиме за својот дом. Овие сцени не му служат на нашиот град, ова не е наше граѓанство. Бараме полицијата да го истражи случајот, а одговорните да ја добијат заслужената казна, истакна Касами.