Арсовска постави спорен контраразузнавач за директор на „Градски паркинг“

од Берта Китинска
350 прегледи

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која во кампањата се промовираше како успешна менаџерка, својот мандат на кормилото на главниот град го започна со низа одлуки кои даваат сосема поинаков впечаток.

БЛОКИРАЊЕ ПРОЕКТИ

Уште со самото стапување на функција, Арсовска најави блокирање на проектот за БРТ системот, кој беше започнат од нејзиниот претходник.

Како еден од поглавните проекти кои Арсовска ги спроведе во првите два месеца по стапувањето на функција е поставувањето на тоалети покрај рекреативната патека на кејот на Вардар.

ЗА ДЕСЕТ ДЕНА ДВАЈЦА ДИРЕКТОРИ НА „ПАРКИНЗИ“

За само десет дена откако Арсовска го постави на функција Филип Пасху беше разрешен и на негово места сега како прв човек на паркинзи доаѓа контраразузнавачот Бојан Христовски.

Новиот директор, Христовски е контраразузнавач, кој сепак не ја поминал селекцијата за влез во Агенцијата за националната безбедност (АНБ) бидејќи не добил соодветен безбедносен сертификат. Тој остана да работи во Министерството за финансии. Неговиот татко, пак, Љупчо Христовски е учесник во протестите на 27 април кога беше нападното Собранието.

Со ваквите брзоплети промени на директорските позиции, Арсовска покажува дека уште од старт почнува со лошо менаџирање на човечките ресурси. Сепак, менаџирањето на човечките ресурси можеби и нема толку да ги погоди скопјани, но неподготвеноста на Град Скопје за справување со енергетската криза, може посериозно да ги погоди скопјани.

ЛОШО МЕНАЏИРАЊЕ СО ПАРНОТО

Во буџетот на Град Скопје за 2022 година нема предвидено ниту денар за помош на граѓаните за ублажување на ефектите од кризата.

Иако Градот Скопје и општините согласно, Законот за енергетика и Законот за комунална дејност се задолжени да обезбедат сигурност во снабдувањето со топлинска енергија за граѓаните, тие останаа неподготвени бидејќи во рамките на нивните буџети тоа не беше предвидено.За да излезе во пресрет и на БЕГ и на општините и Градот Скопје, Владата се понуди да плаќа 80 отсто од разликата од актуелната до реалната цена на топлинска енергија, а општините да платат само 20, меѓутоа одговор од општините и Град Скопје за овој предлог се уште нема.

Слични содржини