„Метаморфози и еволуција – Скопјани и топлификација“ е насловот на новата уметничка акција посветена на проблемот со парното греење во Скопје.
– Акцијата се состои од група пингвини кои се шетаат низ Скопје и всушност ги претставуваат Скопјани кои во последно време се соочуваат со се поладни радијатори во своите домови со што нивните домовите наместо станови заличуваат на поларни куќарки – игла. Со овааа акција, исто така, сакаме да ги предупредиме скопјани кои се затоплуваат со централно парно греење дека сѐ поизвесно е дека од утре заради немањето гас на топлификација и заради кавгите на релација Град Скопје – Влада – БЕГ – Регулаторна комисија е можно парното во нивните домови на овие минусни температури да биде слабо или да го нема, а тие да се чуствуваат како пингвини, велат од Центарот за современи уметности.
Акцијата е дел од урбаните уметнички акции на Центарот за современи Уметности и е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество Македонија.