Општина Кисела Вода обезбеди празничен ручек за 250 социјално загрозени лица

од Nikola Popovski
315 прегледи

350 хуманитарни оброци донираше денес градоначалникот на Општина Кисела Вода за социјално загрозените лица. На бездомниците, на децата од улица, на лицата во домовите, им беа доставени пакети со оброк кои, барем малку ќе им го разубават денешниот празничен ден, соопштија од општината.

-Дарувањето на еден ваков голем и убав христијански празник ги потенцира човечките доблести – солидарноста,хуманоста и грижливоста. Да се дарува, значи искрено и од срце да се помогне онаму каде што е најпотребно. Токму затоа, денес обезбедивме 350 оброци за социјално загрозените од општина Кисела Вода. Се потрудив, на дел од нив, лично да ги доставам, со цел со овие лица малку да се подружиме и овој празничен ден да им го направам поисполнет и поразличен од другите. Сакам да се заблагодарам на општинската организација на Црвениот Крст, на Хуманитарни акции-Скопје, како и на отецот Оливер и хуманитарната организација Св. Спас, кои ни се силна поддршка во оваа хумана мисија. Токму во Св. Спас во Драчево, со празничен ручек заедно со сите лица кои ја посетуваат народната кујна, го заокруживме денешниот ден, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот ги информира и дека е во тек тендерската постапка со која ќе им се обезбеди огревно дрво, кое ќе им помогне полесно да ги пребродат студените денови и дека активно ќе работи да се подигне стандардот во општината за да се намали бројот на луѓе кои ќе зависат од нечија помош.

Слични содржини