Се појави ВИДЕО од приведувањето на Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е вратен во притвор во имиграцискиот хотел во Мелбурн, додека го чека последниот збор на австралискиот суд.

Ова се случи по второто судско рочиште, кога беше одлучено Ѓоковиќ да се врати „зад решетки“ до третото и последно рочиште.

Австралиските власти решија да го депортираат, па министерот Алекс Хок му ја укина визата по втор пат, откако Ѓоковиќ еднаш беше ослободен од судијата Ентони Кели.

Во меѓувреме повторно се појави видео од приведувањето на Новак.

Неговото последно рочиште е закажано за сабота навечер во 23 часот и 30 минути, а потоа ќе се дознае дали Новак ќе остане да игра на Австралија опен во понеделник каде ќе ја брани титулата.

Потсетуваме, Австралијците ја оспоруваат визата на Србинот затоа што тој не бил вакциниран против коронавирусот, иако имал документи за медицинско ослободување.

Слични содржини