Каевски: Ја сфаќам нервозата кај опозицијата, поинаку ја замислуваа седнцата за избор на нова влада

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Во реплика на пратеникот Јован Јаулески од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот на СДСМ порача дека пратениците од опозицијата се нервозни затоа што пропадна нивната лага за ново парламентарно мнозинство.

– Ја сфаќам нервозата кај пратениците од опозицијата, тие поинаку ја замислуваа седнцата за избор на нова влада. Во делот на легитиметот, треба да знаете дека на локални избори се бираат градоначалници кои ги водат општините, на парламентарни избори се бираат пратеници кои потоа бираат влада. На предвремените парламентарни избори во 2020 граѓаните ја дадоа довербата на ова парламентарно мнозинство и оваа влада“ порача Каевски.

Каевски додаде дека за разлика од ВМРО-ДПМНЕ владата предводена од СДСМ не ги крие проблемите под тепих, туку храбро ги решава отворените прашања истовремено зачувувајќи го македонскиот идентитет и посебност.

Слични содржини