Тренерот на Астон Вила, Стивен Џерард е воодушевен од доаѓањето на Фелипе Кутињо на „Вила Парк“.
– Прекрасно е што Филипе е тука. Го познавам многу добро, претходно имавме добри односи. Неговото име ги инспирира луѓето. Тој е елитен играч, сигурен сум дека ќе го покаже тоа.
Ништо помал ентузијазам не предизвика ниту трансферот на Лукас Дин.
– Воодушевени сме што Лукас е со нас, тој е талентиран играч. И двајцата ќе го направат овој тим подобар и посилен.
На прагот е и Робин Олсен, но Џерард е сконцентриран на денешниот натпревар со Манчестер Јунајтед.
– Ќе видиме. Добрите играчи сакаат да играат со добри играчи, а ние доведовме двајца врвни играчи во последните 72 часа. Тоа влијае на самодовербата. Возбудувањата се големи, но мораме да останеме фокусирани на она што не очекува, а тоа е тежок натпревар против Јунајтед.