„Ѓоковиќ се користи како политички пион“

од Vladimir Zorba
289 прегледи

Поранешниот американски тенисер Марди Фиш вели дека очигледно е дека политиката вмешала прсти во ситуацијата со Новак Ѓоковиќ.

Фиш беше мета на фановите на Новак на Твитер кога тој се пошегува на целата приказна, но подоцна проговори со посериозен тон:

– Овде многу се шегувам, но ова што сега се случува со Новак Ѓоковиќ не изгледа смешно – го користат како политички пион. Не ми пишувајте коментари за вакцинирање и невакцинирање, типот е човек – напиша 40-годишниот Фиш, некогаш седми тенисер во светот.

Конечната одлука дали Ѓоковиќ ќе игра во Мелбурн или ќе биде депортиран ќе биде донесена в сабота, недела по средноевропско време – судењето пред Федералниот суд почнува во 23.15 часот.

Новак е деветкратен шампион во Мелбурн.

Слични содржини