Кралското семејство стравува од новиот потег на Хари и Меган: „Ќе има многу интимни и шокантни откритија“

од Vladimir Zorba
511 прегледи

Принцот Хари (37) оваа година треба да ги објави долгоочекуваните мемоари, а според странските медиуми, кралската двојка би можела да изнесе неколку нови и шокантни тврдења за кралското семејство и периодот што го поминале во Велика Британија по венчавката.

Кралското семејство се подготвува да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата, а нивниот преполн распоред наводно дополнително е оптоварен со контроверзните мемоари во кои принцот Хари треба да ја открие вистината за неговиот живот.

Датумот на издавање на книгата се уште не е објавен, а според британски „Мирор“, се шпекулира дека книгата треба да зборува за нарушената врска меѓу Хари и неговиот татко, принцот Чарлс, како и братот, принцот Вилијам, но и за наводниот расист од дворот поради кој тој и Меган решија да го напуштат кралското семејство.

– Книгата без сомнение ќе биде полна со поинтимни и шокантни откритија бидејќи Хари немаше да добие неколку милиони фунти однапред без да вети некои сочни детали. Ќе има уште шокантни нови тврдења, можеби најголеми досега. Сигурна сум дека кралицата е многу загрижена поради тоа и дека членовите на кралското семејство мора да бидат подготвени на се – изјави експертот за кралското семејство Кејти Никол.

Книгата беше објавена минатата година, а Хари тогаш вети дека тоа ќе биде вистински и целосно точен приказ на сите детали од неговиот живот.

– Ова не го пишувам како принц каков што сум роден, туку како човек што станав. Се надевам дека раскажувајќи ја мојата приказна, низ подемите и падовите, грешките и научените лекции, ќе покажам дека без разлика од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме – најави Хари.

Слични содржини