Први фотографии од Ѓоковиќ од аеродромот во Мелбурн

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Првиот рекет во светот Новак Ѓоковиќ е фотографиран на аеродромот во Мелбурн од каде ќе ја напушти Австралија.

Ова е една од првите фотографии на српскиот ас, од моментот кога Федералниот суд на Австралија му нареди да ја напушти таа земја.

Фотографијата на Новак од аеродромот можеби ќе биде една од последните во јавноста во наредните недели, бидејќи рече дека за целата ситуација нема да се огласи до крајот на Австралија опен.

Заедно со Ѓоковиќ се тренерот Горан Иванишевиќ и фитнес тренерот Улисес Бадио.
Австралија опен започнува во понеделник, а Ѓоковиќ првично имаше закажан меч од првото коло со Миомир Кецмановиќ.

Ѓоковиќ ќе плати и половина милион долари на Австралија во која нема да може да влезе во следните три години.

Слични содржини