Апасиев кон Тупанчевски: Ќе ви пукне филм и ќе си заминете од Влада

од Vladimir Zorba
474 прегледи

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев во денешното свое обраќање во Собранието по повод изборот на новата Влада, го нарече професорот Никола Тупанчевски, кој е кандидат за министер за правда, „единствена светла точка во новата влада“.

-Има најчиста биографија, што можеби ќе ви направи проблем. Мачно ќе ви биде во Владата, ќе дојде брзо денот кога ќе ви пукне филмот и ќе си заминете – рече Апасиев.

Апасиев рече дека ДУИ дојде до фазата да изврши рамковна малцинска тиранија врз македонската Влада, која од вечерва, ако биде избрана, ќе брои 11 министри Македонци и 10 министри Албанци.

На Османи му порача да внимава да не направи тешка стратешка грешка „со идно предавство со Бугарија“. „Тоа нема да биде простено“, истакна тој.

Слични содржини