Петровска ја презема функцијата министер за одбрана: Пред мене има сериозен предизвик

од Берта Китинска
378 прегледи

Денеска во кругот на Министерството за одбрана се одржа свечено примопредавање на функцијата министер за одбрана.

„Драга Радмила, во мое име и во име на граѓаните, Ви благодарам за остварување на оваа стратешка определба. Членството во НАТО е признание во вашата работа. Членството во НАТО не е само признание на политичките процеси, туку и подготвеноста на нашата Армија за прифаќање на НАТО стандардите. Свесна за досегашниот влог, пред мене има сериозен предизвик, да го сочувам она што е постигнато и да бидам двигател во процесите кои престојат. Да се биде земја членка на НАТО значи да се покаже капацитет за предизвиците. Затоа процесите кои се започнати ќе продолжат со поголема динамика. Моја цел ќе биде стабилно финансирање на одбраната. Нема силна одбрана без модерна армија. Ќе се модернизира Армијата. Нема силна одбрана без задоволни припадници на Армијата, затоа ќе продолжам да водам сметка за животниот стандард. Ќе продолжи обновата на објектите и ќе продолжи инвестирањето на армискиот полигон Криволак“, кажа новата министерка за одбрана Славјанка Петровска.

Слични содржини