Maскирани и со ножеви во рацете, ограбиле бензинска пумпа кај Катланово

од Берта Китинска
277 прегледи

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица што извршиле разбојништво во бензинска пумпа.

Двајцата соизвршители на возраст од 25 и 22 години, на 14 јануари, во раните утрински часови, со автомобил сер паркирале во близина на бензинска пумпа на локалниот пат од село ‘Ржаничино кон Катланово. Се маскирале со блузи што ги приспособиле како фантомки, со отвори за очите. Со ножеви во рацете им се заканиле на вработените барајќи да им го дадат дневниот промет на пумпата. На тој начин тие одзеле 7.815 денари и со возилото се оддалечиле од местото во правец кон селото Бадар, каде што го запреле автомобилот, но набргу биле откриени и фатени од полициски службеници.

Бидејќи постои опасност осомничените да се дадат во бегство, да ја попречуваат постапката со влијание врз сведоците/оштетените или да го повторат делото, јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Слични содржини