260
Донесена е одлука новиот главен град на Индонезија, кој ќе се наоѓа на југоистокот на островот Калимантан, да се вика Нусантара, што значи архипелаг, изјави денеска индонезискиот министер за планирање национален развој Сухарсо Моноарфа на владиниот состанок за преместување на главниот град.
– Само што добив директна потврда од претседателот (Џока Видодо) во петокот, кој рече дека новата престолнина се вика Нусантара, рече Моноарфа, додавајќи дека причината за тоа е што Нусантара е позната одамна.
-Така се опишува нашиот архипелаг Република Индонезија – истакна тој.
Видодо ги објави плановите за преселување на главниот град на Индонезија од Џакарта во 2019 година, но поради коронавирусот, проектот беше во мирување.