273
Депортирањето на моментално светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ од Австралија и отсуството на првиот Грен слем турнир во сезоната предизвикаа пад на интересот на публиката за мечевите во Мелбурн.
Според „Њузвик“ се зголемува бројот на оние кои ги враќаат билетите и бараат враќање на парите.
Во моментов има повеќе такви случаи во споредба со оние кои бараат билети за турнирот. Истражувањето на англиската компанија „Search Intelligence“ покажало дека дури 25 отсто повеќе луѓе бараат можност за рефундирање пари на Гугл отколку за купување билети.
Ѓоковиќ требаше да атакува на премиерната десетта титула во Австралија, а вкупно 21. на Грен слем турнирите.
Со тоа, тој би бил сам на вечната листа пред Рафаел Надал и Роџер Федерер.