216
Бугарскиот премиер Кирил Петков смета дека претседателот Румен Радев „не му ги стиснал рацете“ за ставање на еден нов пристап во преговорите со Македонија, за наоѓање решение на спорот.
-Не се случи тоа, туку напротив на Консултативниот совет за национална безбедност, се случи сите партии и претседателот да се обединат околу тој нов пристап и за потврдивме постоечката позиција на Бугарија, но и истовремено додадовме тон за наредните чекори, вели Петков во интервју за „360 степени“.
Според него, нема „палки“ во водење на дијалогот со Македонија, односно кој ќе биде главен во преговорите, дали тој, претседателот Радев или тамошното МНР.
-Имаме јасен план за дејствија, информира Петков.