Пандемијата на коронавирус ги направи богатите уште побогати, а го зголеми бројот на сиромашни и бедата во светот. Организацијата Оксфам ги повикува владите ширум светот да преземат контрамерки, а ја советува Германија да воведе данок на имот.
Пандемијата на корона ја влошува социјалната нееднаквост ширум светот, заклучува меѓународната хуманитарна организација Оксфам во извештајот кој како и секогаш беше објавен непосредно пред почетокот на Светскиот економски форум. Форумот во Давос закажан за оваа недела е одложен поради ситуацијата со коронавирус. Наместо тоа, фондацијата виртуелно ги собира водечките светски политичари, пишува Дојче веле.
Wealth of world's 10 richest men doubled in pandemic, Oxfam says – BBC News https://t.co/ZO1f2vrW4k
— #CrimeaIsUkraine 🇺🇦 Free Kazakhstan🇰🇿 (@SWYGAntiMPrty) January 17, 2022
Додека богатството на десетте најбогати милијардери се удвои меѓу март 2020 година и ноември 2021 година, уште 160 милиони луѓе се придружија на огромната маса сиромашни во светот.
Оксфам ги повика владите ширум светот повеќе да ги оданочуваат корпорациите и супербогатите со цел да ги финансираат основните социјални услуги, да обезбедат глобална правда кога станува збор за вакцинацијата и да ја усогласат економијата со општото добро.
Нееднаквоста е и прашање на живот и смрт, се вели во извештајот. Се проценува дека 17 милиони луѓе починале од Ковид-19 , од кои милиони се уште би биле живи доколку се вакцинирале.
Затоа, Оксфам укажува на неправедна глобална дистрибуција на вакцини. Организацијата објаснува дека вакцините треба да се третираат како јавно добро, делумно затоа што владите го финансирале нивниот развој со големи суми даночни пари, пишува Би-Би-Си.
Непосредно пред почетокот на Светскиот економски форум, невладината организација Оксфам ја објави својата добро позната студија за нееднаквата распределба на глобалното богатство. Заклучокот е: ситуацијата се влошува.
Според студијата, повеќе од 100 земји ги намалиле социјалните трошоци за време на кризата, а дополнителни мерки за штедење се загрозени во најмалку 73 земји, поради отплатата на заемите за Ковид-19 од Меѓународниот монетарен фонд. Жените особено заостануваат: имаат 13 милиони вработени помалку од пред две години. Истовремено, значително е зголемена неплатената работа на жените и девојките кои, на пример, се грижат за своите семејства.
„За милијардерите, пандемијата е како златна треска. Владите вложија милијарди во економијата, но голем дел од тие пари останаа кај луѓето кои имаат најголема корист од растот на цените на акциите. „Додека нивното богатство расте со невидена брзина, а некои се впуштаат во вселенски патувања, глобалната сиромаштија драстично се зголеми“, рече Мануел Шмит, надлежен за социјалната нееднаквост во Оксфам Германија. Ова се однесува на луѓето како Илон Маск, Џеф Безос или Марк Цукерберг.
Германија повторно ќе воведе данок на имот
И во Германија „се зголемува многу силна концентрација на имот.“ Така, според Оксфам, десетте најбогати луѓе ги зголемиле своите средства од почетокот на пандемијата од околу 125 милијарди евра на околу 223 милијарди евра, или 78 отсто.
Стапката на сиромаштија во Германија, пак, е рекордно висока. Околу 16 отсто спаѓаат во таа категорија или повеќе од 13 милиони луѓе.
Оксфам ја повика германската влада да ја зголеми одговорноста на корпорациите и многу богатите. Мора повторно да го воведе данокот на имот, а потребен е и еднократен данок на многу голем имот, маведува Оксфам. Организацијата исто така смета дека треба да се прекине заштитата на патентот за вакцини против Ковид-19.
Според листата на Форбс, на која се повикува Оксфам, десетте најбогати луѓе се: Илон Маск, Џеф Безос, Бернард Арно и семејството, Бил Гејтс, Лери Елисон, Лери Пејџ, Сергеј Брин, Марк Закерберг, Стив Балмер и Ворен Бафет.