Менаџерот на Челси, Томас Тухел, се заблагодари за признанието по добивањето на наградата за најдобар тренер во 2021 година во анкетата на ФИФА „The Best“.
Минатата година Тухел го предводеше Челси до трофејот во Лигата на шампионите и освои награда во конкуренција на Роберто Манчини, кој ја предводеше Италија до трофејот на ЕП 2020 и Пеп Гвардиола, кој минатата сезона доминантноја освои титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити.
„Досега имав прилично обичен ден во тренинг базата на Челси. Само што се враќам од тренинг, бидејќи утре имаме натпревар (против Брајтон вечерва во 21.00 часот по наше време). Кога го отворија пликото и го прочитаа моето име, се чувствував надреално“, изјави Германецот и додаде:.
„Уживам да работам во Челси, се чувствувам одлично во клубот, опкружен сум со исклучителни луѓе. Проблемот е што сме далеку зад Манчестер Сити, но продолжуваме да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себе и да бидеме конкурентни на највисоко ниво“.