Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија одржа вонредна седница на која беше расправано за информацијата за поднесената иницијатива пред Уставниот суд од страна на Стопанската комора на Северна Македонија и за средбата на 20 јануари што треба да се одржи во Владата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари односно истата да не биде под 60% од просечната плата со задолжително скалесто усогласување – зголемување на останатите плати согласно Законот за минимална плата и утврдување на право на регрес за годишен одмор за јавен сектор.
-Недела ден на неделен одмор е реалност колку и тоа на „газдите“ да не им се допаѓа, а не им се допаѓа поради тоа што ги полнеа џебовите на грбот на работниците кои им работеа без да ги плаќаат, објавија од ССМ.
ССМ нагласува дека согласно член 11 од Уставот „Се забранува присилна работа.“, согласно член 32 од Уставот „Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор“, а „Од овие права вработените не можат да се откажат“ и истиот член утврдува дека „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“
-Правото, ден на неделен одмор да биде недела е уредено во Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи Сл.Весник бр.288 од 21 декември 2021 година и Законот за изменување и дополнување на Законот за трговијата Сл.Весник бр.295 од 27 декември 2021 година што е во целост согласно горенаведеното и член 32 од Уставот на Република Северна Македонија дека секој вработен има право на платен неделен одмор и дека од тоа право работниците не смеаат да се откажат, а работодавачите не смеат да го ограничат.
Милиони денари на работниците ( кои работеле во недела без никакви ограничувања, а не биле плаќани за тоа) завршувале во џебовите на „газдите“ се причината за иницијативата поднесена од нивна страна до Уставниот суд.
Пример само за 8 % од работниците кои согласно Законот за работните односи и Законот за теговија би работеле во денот недела согласно податоците на ДЗС –АРС за Третиот квартал 2021 година, бројот на вработени изнесува 796 671 лица , 63 734 лица се вработени.
Доколку сите 63.734 работници, односно 8%, работат во ден недела, дневницата за работа во недела на минималната плата од 15 194,00денари ќе им изнесува 1.140,00 ден. (760,00 + 50%),ќе треба да им исплатат вкупно 72 656 760,00 ден на работниците, односно ако ги работат сите четири недели во месецот, работодавачите треба да им исплатат 290.627.040,00 денари на работниците.
Доколку работниците примаат просечна плата од 29.145,00 ден. дневницата изнесува 2.186,00 ден. (1457,00 +50%) треба да им се исплати 139.322.524,00 денари, односно ако ги работат сите четири недели во месецот треба да им се исплати 557.290.096,00 ден.
Во пресметките не се вклучени придонесите кои треба да се уплатат на Државата, велат од Сојузот на синдикати и прашуваат:
-Kако ако досега овие средства останувале во џебот на овие исти „газди“ кои поведуваат иницијатива поради тоа што работниците им работеа во недела без додаток на плата, тие се на работ на егзистенцијата, а не е работникот. Излезот од оваа ситуација ќе биде излегување на работниците со нас синдикатите на улица и блокирање на се преку штрајкови и протести, а доколку работодавачите не ја сфатат пораката и останат на ваквите неразумни ставови ќе мораат да се обратат на друга адреса за работници бидејќи куферите на работниците им се спакувани, ваквиот однос на работодавачите кои сметаат дека имаат робови, а не работници претставува карта во еден правец надвор од Државата, па тогаш овие „големи газди“ сами со своите семејства ќе си работат во нивните бизниси поради тоа што без работници нема трговија, нема здравство, нема индустрија, БЕЗ РАБОТНИЦИ НИШТО НЕМА ДА РАБОТИ!, известија од ССМ.