Први гости на прес-центарот на бугарската новинска агенција БТА во Скопје беа премиерите на Бугарија и на Република Северна Македонија Кирил Петков и Димитар Ковачевски.
Бугарскиот премиер му посака на медиумскиот тим „многу успешна работа и многу точно известување на вестите“. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски упати честитка до БТА за претстојното отворање на прес-клубот и истакна дека ова е важен чекор во градењето доверба меѓу двете земји и нивните граѓани.
Ова беа првите пораки запишани во книгата на гости на прес-клубот на БТА во Скопје.
Гостин во прес-клубот беше генералниот директор на Агенцијата за МИА Драган Антоновски, кој ја истакна успешната соработка меѓу двете агенции и посака таа да продолжи и во иднина.
Генералниот директор на БТА Кирил Валчев ги повика двајцата премиери на Бугарија и на Република Северна Македонија да споделат иста здравствена зона за време на пандемија со цел да се олеснат граничните премини и ја истакна потребата од развивање на такви здравствени протоколи за да се овозможи послободно движење на луѓето , како и министрите, возачите на камиони и пилотите, бидејќи слободата на информирање не е помалку важна од движењето на стоки.
Двајцата премиери добија подарок издание на „Симболите на Бугарија“, подготвено од вработен во Референтното одделение на БТА, фототипско издание на „Бугарски народни песни“ од браќата Миладинови, како и изданија на обновениот списание ЛИК.
Прес-клубот на БТА во Скопје свечено ќе биде отворен на 4 февруари 2022 година.