265
Најмалку едно лице загина, а деветмина се повредени во експлозија на гас која предизвика пожар и делумно уривање на станбена зграда во Њујорк, соопштија американските медиуми.
Полицискиот оддел на градот Њујорк соопшти дека жртвата е 77-годишна жена, а две други жени, на возраст од 68 и 82 години, се во стабилна состојба. Меѓу повредените се и пет полицајци кои претрпеле вдишување чад и биле пренесени во болница.