Уапсен крадец во Чаир

од Nikola Popovski
346 прегледи

МВР информира дека приведен е 31-годишен скопјанец поради неколку кражби во Чаир.

-На 18.01.2022 во 03.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, непосредно после извршени кривични дела, бил лишен од слобода М.Ф.(31) од Скопје, со што од страна на Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Чаир се расчистени неколку кривични дела.

Лицето се сомничи дека извршил една тешка кражба од сендвичарница, при што одзел пари, две кривични дела тешка кражба во обид, како и две кривични дела оштетување на туѓи предмети.

Слични содржини