Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма и истрагата е при крај. Во моментов се собрани огромен број докази, неопходни за расветлување на објективната вистина, изјави за БТА портпаролката на главниот обвинител, Сиика Милева.
Инцидентот се случи на крајот на ноември, кога автобус со регистрација од С.Македонија доживеа несреќа на автопатот. Повеќе од 40 луѓе, меѓу кои и мали деца, загинаа во пожарот во автобус. Туристи патуваа од Турција до Северна Македонија.
„Она што останува да се направи е да се испрати барање за правна помош до земјава, со цел да се информираат и запознаат наследниците на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка“, додаде Милева.