ДОМ Ѓорче Петров бара решение за поранешната фабрика Купрум

од Vladimir Zorba
401 прегледи

Општинската организација на Демократската Обнова на Македонија – ДОМ од Ѓорче Петров апелира до премиерот и новата влада во ист контекст и до општината за изнаоѓање конечно решение за локацијата кај поранешната фабрика Купрум.

„Моменталната состојба на оваа локација преставува опасност за жителите кои се во непосредната близина и создава лош имиџ на општината и главниот град Скопје.

Во тој контекст како можни решенија на овој проблем ги нудиме следните два предлози на пошироката јавност:

Студентски град – иницијатива која ја поддржавме во изработка на здружението Културно Ехо, и дел од нашата програма за последните локални избори.

Создавање на нов парк на истата површина со кој на ѓорчепетровци и граѓаните на Скопје ќе им се овозможи нова огромно зеленило, катче за уживање, можност за намалување на загадувањето и звучноста, придонесувајки за зачувување на животната средина.

Општината Ѓорче Петров заслужува проекти кои ќе нудат развој, нејзина модернизација, чиста и здрава животна средина и создавање на услови за првата зелена општина во градот Скопје“, додаваат оттаму.

Слични содржини