287
Новак Ѓоковиќ во Австралија го доби првиот, но го загуби вториот судски спор за укинување на визата и беше принуден да го напушти најмалиот континент, со тригодишна забрана за влез во земјата. По тој втор судски процес, му беше наложено да плати судски трошоци во износ од 500.000 австралиски долари (нешто повеќе од 317.000 евра).
По сите непријатности, добра вест за најдобриот светски тенисер пристигна од Австралија. Австралија опен одлучи да ја плати сумата со која судот го товари Ѓоковиќ.
Судските трошоци, според информациите, ќе се платат од парите уплатени на Владата на Австралија за првиот Гренд слем во сезоната!