Денеска дел од скопските општини ќе останат без струја

од Берта Китинска
175 прегледи

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, на ден 20.01.2022 година (четврток), поради закажани технички зафати во системот, без електрична енергија ќе останат деловите од општина Центар, општина Аеродром и Кисела Вода.

Во време од 08.00 – 13.30 часот зграда број 37 на бул. Партизански Одреди – сите становии стопански објекти (о. Центар), во време од 09.00 – 12.00 часот дел од ул. Генерал Михајло Апостолски (о. Аеродром) и во време од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците Мариовска, Мегленска и Милан Мијалковиќ (о. Кисела Вода), како и дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Коста Новаковиќ и дел од бул. Трета Македонска Бригада околу крстосницата со ул. Коста Новаковиќ (о. Аеродром).